Македонија

Полиција го чува скопскиот аквадукт, оштетени 10 столба од историскиот споменик

Досега непознати лица за полицијата оштетиле 10 столба од скопскиот аквадукт кој е изграден во времето на Римската империја и во различни историски периоди служел како вештачки водовод. Аквадуктоот се наоѓа на 2 км северозападно од Скопје, односно во село Визбегово.

„Се наоѓаме кај скопскиот аквадукт, споменик кој е изграден уште во Римската империја. Опстојал и во времето на Византиската, но и Османлиската империја. Несовесни лица кои досега и се непознати на полицијата се обиделе да го уништат овој древен историски споменик“, вели репортерот на ТВ21.

Од Министерството за култура го осудуваат вандалскиот чин на аквадуктот. Од таму велат дека овој споменик е дел од културното наследство и како таков е заштитен.

„Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, велат од министерството за култура.

Полициски патроли за кои известија од Министерството за култура ги сретна и екипата на ТВ21. Овој водовод бил во употреба до 18 век и е единствен од тој вид во земјава. Сличен ваков споменик се наоѓа во Сплит, Хрватска и еден во Црна Гора.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни