4NEWS.mk

Росоман без вода поради дефект на главна водоводна линија

Росоман остана без вода за пиење, поради санација на откриен дефект на главна доводна линија во селото Рибарци.
 
– Прекинот на водоснабдувањето ќе биде се до целосно отстранување на дефектот во текот на денешниот ден. Ние веќе работиме на откривање на загуби на вода по главната линија,  со што ќе се подобри водоснабдувањето, информираа од Јавното претпријатие за комунални дејности.
 
Оттаму нагласија дека истовремено ќе се санират повеќегодишни неоткриени дефекти, за да се има целосен увид во загубите, кои би се јавиле од дивоприклучени потрошувачи. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни