СВР Куманово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Д.В.од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На улицата „15 – ти Мај“ во Куманово пријавениот од својот дом со воздушна пушка испукал во правец кон куќата сопственост на С.П., при што направил оштетување на фасадата од куќата, а потоа упатил закани по животот и семејството на С.П.