Македонија

Верушевски бара отштета од државата од 70.000 евра за времето поминато во притвор

Поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, по судски пат бара отштета од 71.000 евра од државата за 344 дена поминат во неоснован притвор за случајот „Пуч“, пренесува Сакамдакажам.мк

Тој беше притворен во 2015 година откако почнаа да се објавуваат „бомбите“, а беше цел на обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа за велепредаство и шпиунажа.

Обвинението за „Пуч“ го повлече Катица Јанева, и со тоа се стекна со право за оштета од државата.

Заменикот правобранител на денешното рочиште не го оспори законскиот основ за барањето на Верушевски, туку износот.

Тој на денешното сослушување изрази разочараност што не беше доволно, како што рече, ни бегството на нарачателот на конструираниот случај „Пуч“, Никола Груевски, сите вмешани во монструозната конструкција, да одговараат.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни