Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=18°C. P=981hPa. U=60%. V=2m/s.
До крајот на следнава работна седмица ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.