4NEWS.mk

Времен сообраќаен режим на улица Бихаќка

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре поради завршно асфалтирање на ул. Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа  на потегот од  ул. Востаничка до влезната капија на МВР.

Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни