Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на Комисијата за европски прашања – Милошоски: Ви посакувам пријатна забава

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Антонио Милошоски на говорницата зборуваше со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кога од авион најавија дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ.

„Османи и Димитров лани го загубија датумот, и сега наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава сега“, рече Милошоски, по што тој и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни