Македонија

Засилени контроли на сладолед и мраз: уништени 202 килограми небезбедни производи

Засилени контроли на сладолед и мраз: уништени 202 килограми небезбедни производи

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на јули и август спровеле вкупно 560 вонредни инспекциски контроли во објекти за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи.

При контролите биле утврдени повеќе неправилности, поради што биле издадени 140 решенија за отстранување на неусогласеностите.

Инспекторите изрекле и 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра во денарска противвредност, додека како небезбедни биле уништени 202 литри, односно килограми сладолед и мраз.

Од АХВ информираат дека 17 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна. Кај 64 оператори било утврдено дека немале направено анализи на сладоледот или мразот, а кај 20 производите биле несоодветно означени. Тројца оператори набавувале мраз од нерегистриран добавувач.

Контролите покажале и дека кај 10 оператори биле затекнати вработени лица кои немале извршени задолжителни здравствени прегледи.

Незадоволителни хигиенски и технички услови биле утврдени во пет објекти, додека 19 оператори немале воспоставено процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, ниту процедури за чистење на ледоматите.

Четворица оператори немале записи за следливост на производите, а кај еден оператор било утврдено дека не биле спроведени задолжителните мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Од АХВ посочуваат дека засилените контроли биле спроведени согласно Законот за безбедност на храната, во периодот кога потрошувачката на сладолед и мраз е најголема.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни