Амди Бајрам, единствениот пратеник на Сојузот на роми, ги негира гласините дека ќе преговара со ВМРО-ДПМНЕ. Но реакцијата важи за овој период, односно до изборите, а по изборите ништо не е сигурно.
Претседателот СДСМ, Зоран Заев е отворен за да ја прошири коалицијата и со други албански партии.
И од Алијанса за Албанците велат дека вратите им се отворени за коалиција со албанските опозициски партии, но не ги спомна двете македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, вчера во емисијата #10минути во ТВ21, рече дека е подготвен да коалицира со Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Според Касами, причината е тоа што опозициските партии се поблиски. Но не е подготвен да коалицира со македонските партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
На прашањето дали можеби ВМРО-ДПМНЕ преговара со некоја албанска партија, портпаролот Димче Арсовски договори:
„ВМРО-ДПМНЕ како што рековме наназад изминатиов период има средби и коректен и конструктивен однос со сите албански партии и сите оние кои што ќе бидат на иста линија за со визијата, програмата и планот за „Обнова на Република Македонија“ за конечно оваа држава да тргне напред, а не да тонеме, ќе има простор да се преговара за коалиција после изборите“, вели Арсовски.
Од другата страна, Крешник Бектеши, од ДУИ, пред неколку дена во #КЛИКПЛУС во ТВ21, рече дека ќе коалираат со било која партија која ќе победи но доколку станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, Бектеши рече дека тие ќе треба да им докажат дека се навистина заинтересирани за членство на земјата во ЕУ.