Седат и си ги раскажуваат маките меѓу себе. Љутфи Шазиу и Драгослов Цветковски разговараат за 24-те плати кои сѐ уште не ги добиле. Во компанијата „Охис“, која е во стечај, работеле повеќе од 30 години.
Велат дека кредибилитетот кој го имале во општеството веќе го загубиле, благодарение на долговите во кои влегле поради неземање редовна плата. Додаваат дека често на врата им тропаат извршители, барајќи да ги платат заостанатите сметки за струја.
-Да не земеш 24 плати и секој ден да ти доаѓа извршител за струја или вода, бидејќи не си ги платил сметките, можеби е срамота, но тоа е вистината. Секој од нас се плаши да излезе на улица во селото, бидејќи и таа малку власт и кредибилитет што ги имавме, сега ги изгубивме, бидејќи имаме долг во секоја продавница. Тие сега нѐ прашуваат – кога ќе земете плата, за да си го платите долгот?“, вели Шазиу.
Драгослав Цветковски пак, вели дека половина од нивните колеги веќе не се меѓу живите.
Шазиу додава дека половина од оние што се живи, се инвалиди.
-Работевме со разни хемикалии, сега сите сме стари. Минатата година оние што беа со нас, веќе не се. Сите заминаа на другиот свет. Половина од нас што останавме се инвалиди. Останавме тие што останавме“, рече Шазиу.
Цветковски и Шазиу, велат дека се сретнале со вицепремиерот Кочо Анѓушев, но дека нивните средби не вродиле со плод.
Вицепремиерот Анѓушев, на 15-ти октомври изјави дека Владата не може да им помогне „Охис“ е во стечај.
Поранешните вработени во „Охис“ веќе 18 месеци секој вторник и петок протестираат пред Министерството за правда и Владата.
„Охис“ е една од најстарите фабрики во земјава, која почнала со работа во 60-тите години. Главно, нејзините производи биле од областа на козметиката, детергенти и хартија. Пред пет години, Комисијата за хартии од вредност издаде наредба Акционерското друштво ОХИС да ѝ даде на државата 5 милиони и 100 илјади евра, во форма на акции, како дел од долговите што оваа компанија ги имала кон државата. Во 2017 година беше објавено дека американската компанија НУСК Холдинг ДОЕЛ Скопје инвестирала половина милион евра во реновирање на овој објект од 2.000 метри квадратни од објектот. Неколку пати беше објавен тендер за продажба на фабриката, но немаше заинтересирани компании.