Итните служби денеска блокираа и затворија дел од една од најпрометните улици во Лондон по извештајот за истекување на хемикалии поради што едно лице е хоспитализирано.
Полицијата соопшти дека засега не го третира тој инцидент како поврзан со тероризам, јави Ројтерс.
Полицијата е повикана поради инцидентот во просториите во улицата Бромптон Роуд, каде се наоѓаат многу бутици и стоковни кучи, вклучувајќи ги и Хародс и харви Николс.
„На едно лице му е пружена помош на самото место, а потоа е префрлено во болница“, наведе портпаролот на итната помош.
Полицијата подоцна соопшти дека улицата е одблокирана, но и дека на самото место останале припадниците на полицијата.