4NEWS.mk

Пак: Француското "НЕ" треба да биде повик за будење за политичарите да почнат да работат за граѓаните

Француското “НЕ” треба да биде повик за македонските политичари да почнат да работат за доброто на граѓаните, истакна пратеничката од Европската народна партија Дорис Пак. Вели дека Македонија припаѓа во Европа и поради тоа треба да ги почне преговорите со Европската унија. Според неа, процесот за Македонија не е процес на проширување, туку прифаќање на една европска држава. Според Пак, “Не”-то на Брисел сигурно не е последен збор.

Германскиот амбасадор, Герберих вели дека за Германија почнувањето на преговорите со Македонија е приоритет. Вели, Германија е за потранспарентен процес, но се исплати да и се даде европска перспектива на земјава.
 
Даниел Василев

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни