4NEWS.mk

Улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ утре затворени за сообраќај

Град Скопје информира дека утре ќе продолжи асфалтирањето на дел од улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, на потегот од улицата „Фредерик Шопен“ до подвозникот. Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни