Шестата епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“ на Тв Сител беше вистински спектакл.
Натпреварувачите и овој пат го дадоа својот максимум, а на сцената се имитираа популарни музичари од домашната и странската сцена.
Победник во шестата епизода на ТЛЗП е Ненад Пагонис. Наградата од 1000 евра ќе ја донира на детскиот оддел за онкологија во Белград.