Македонија

Ќе чекаме сигнал и следната година – „Реформи во ЕУ додека Македонија е мотивирана“

На средбата Пендаровски-Макрон која се одржа вчера, Заев гледа оптимизам за брзи и јасни реформи и цели на Европската унија. Тој додава дека реформите во ЕУ треба да се направат додека Македонија е мотивирана за влез во унијата.

Но, од Париз нема гаранции за датумот за почеток на преговори со ЕУ. Ова го потврди и Претседателот Стево Пендаровски по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон. Пендаровски додаде дека Макрон му рекол дека никогаш немал намера да даде алтернатива за полноправно членство.

Македонската страна ќе остане посветена на реформите, но и на спроведувањето на Договорот од Преспа. Премиерот Заев утре ќе биде во Солун каде ќе има прва официјална средба со грчкиот премиер Мицотакис. Средбата ќе се одржи во рамките на годинашниот самит каде ќе учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни