Синоќа во рамки на акциска контрола во 20.50 часот во с.Церово, тетовско, во Полициско одделение Групчин бил лишен од слобода Ќ.С.(27) од с.Бојане, скопско, кој управувал патничко моторно возило ,,фиат уно“, со тетовски регистарски ознаки, со кое превезувал огревни дрва без потребната документација. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.