Македонија

Алијанса за Албанците бара одговорност за починатиот затвореник: Оставка од министерот за правда и директорот на затворот

Од Алијанса за Албанците се јавија со реакција по повод смртта на 22-годишен затвореник од Куманово. Тие бараат одговорност и оставка од министерката за правда, како и од директорот на затворот во Куманово.

„Со жалење ја добивме веста за смртта на 22 годишникот од населба Арберија Куманово, случај што го шокираше целиот град Куманово, но и пошироко.

22-годишникот почина во затворот на Куманово во околности непознати за јавноста и неговото семејство.

Алијансата за Албанците огорчена од случајот бара целосна одговорност од надлежните органи, и одговорните лица кои требаше да му дадат прва помош на еден млад затвореник. Во такви околности, дефинитивно мора да се преземе одговорност и јавно да се наведе причината за смртта.

Затворот не треба да биде последна станица на никого, а камоли на еден млад човек кој беше таму да се ресоцијализира и да се реинтегрира за утре, ова општество му понуди живот, а не смрт.

Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за правда, директорот и заменик директорот на Затворот, и бараме кривична и морална одговорност за овој случај, доколку им преостана малку морал.

Не треба да се заборави дека ниту еден затвореник не може да биде задржан во затвор без да се потврди неговото / нејзиното целосно здравје, секој затвореник има право да се лекува надвор од затворската ќелија, секој затвореник има право да го продолжи животот во нормални услови кои не го загрозуваат нивното здравје, секој затвореник неспорно треба да има право на здравство како и сите ние надвор од затворот!“, велат во соопштението од Алијанса за Албанците.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни