Македонија

„Сите кои биле и се на власт треба да им се извиниме на граѓаните за девастирачки демографски тенденции“, рече Пендаровски

Претседателот на Северна Македонија, коментријаќи ја својата изјава дадена пред неколку денови во Србија за иследувањето на младите вели дека сите поранешни, но и актуелната власт треба да им се извини на граѓаните за девастирачките демографски тенденции и иселувањето.

„Сите што сме биле на власт или сега што сме на власт или имаме некаква функција во нашата држава, прва работа што треба да ја направиме да ги исфрлиме тие трендови на ислеувањео од дневно-политичката агенда да не бидат предизборно ниту изборно прашање. Второ сите кои сме биле на власт или сега сме на валст да им се извиниме на наши граѓани бијдеќи не сме направиле доволно да ги спречиме тие девастирачки демографски тенденции“, вели Пендаровски

Пендаровски додаде дека поради таквите политики пропаднал и пописот во 2011 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни