Македонија

Царовска: Во визбегово имаше малку демонстранти – „Повеќето ги прифаќаат децата кои биле во допир со законот“

„Мала група граѓани“. Вака ги нарече министерката Мила Царовска, демонстрантите кои вчера протестираа и бараа дислокација на прифатилиштето „Ранка Милановиќ“, каде се сместени малолетници кои биле во допир со законот. Таа тврди дека повеќето граѓани се подготвени да ги прифатат овие деца такви какви што се.

Министерката очекува општеството и соседите да ги прифатат овие деца и очекува тие да се дружат со другите деца со цел да се социјализираат. Царовска тврди дека децата се дискриминираат и преку прекарот кој им е ставен.

Владимир Караев, кој е одговорно лице за прифатилиштето, вчера изјави дека е срамно што како општество не сакаме да ги прифатиме другите кои имаат потреба од нас.

Граѓаните кои вчера протестираа пред прифатилиштето, рекоа дека имаат фотографии кои покажуваат дека децата во текот на вечерните часови ги вознемируваат и бараат цигари и пари од нив. Ги побаравме тие слики но ни рекоа дека моментално одлучиле снимките и фотографиите да не ги објавуваат. Во текот на вчерашниот ден, жителите најавија протест пред Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ. Директорката на прифатилиштето рече дека ќе продолжи да комуницира со граѓаните, со цел да изнајдат заеднички јазик и дека тие три деца можат да се социјализираат. Според правилникот, овие деца имаат право сами да излезат од центарот и да шетаат. Прифатилиштето име место само за 5 деца.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни