Македонија

Властите од Македонија со помош за Албанија – Владата одвои 100 илјади евра, Општина Чаир 12 илјади евра

По силниот земјотрес во Албанија, се солидаризираа и македонската Владата, Град Скопје и Општина Чаир.

Премиерот Зоран Заев, изрази сочувство  за жртвите. Тој изјави дека Македонија ќе излезе во пресрет на соседната држава. Освен логистичка помош, Владата одвои и  6 милиони денари.

Вицепремиерот, Бујар Османи, вели дека е во постојан контакт со министерот за надворешни работи на Албанија и дека нашата соседна држава има потреба од помош.

Општина Чаир, од својот буџет одвои 720 илјади денари или 12 илјади евра како помош за Албанија.

Град Скопје испрати екипа со дрон и термички камери за пронаоѓање на можните жртви под урнатините и биспилотно летало кое врши 3Д локализација на терен.

Црвен крст донесе одлука од своите резерви да одвои првична помош од 20 илјади евра кои ќе бидат за погодените од земјотресот и хуманитарна материјална помош. Црвен крст отвори и жиро сметка каде може да се донира за погодените од земјотресот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни