Судот во Бангладеш денеска осуди седум членови на исламистичката екстремистичка група за нивната улога во нападот во 2016 година во кафулето во кое загинаа 22 лица, повеќето од нив странски државјани.
Според очевидци, по изрекувањето на казната во судот во Дака, обвинетите извикувале „Алах Акбар“ и „Ние не сторивме ништо лошо“.
– Обвиненијата против нив се докажани без сомнение. Судот им изрече највисока казна, изјави јавниот обвинител Голам Сарвар Кан, откако ја донесе пресудата во судот во Дака.
Едно лице беше ослободено.
Адвокатот на обвинетите најави дека ќе поднесе жалба на обвиненијата.
Група од пет вооружени мажи упаднаа во кафулето „Холеј Артисан“ во Дака и ги држеа гостите како заложници. Притоа беа убиени деветмина Италијанци, еден Американец и еден Индиец.
Напаѓачите исто така беа убиени за време на операцијата на војската за спасување.