Вработените во Собранието денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.
Како што соопштија од Собранието. тие го чистеле просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.
Отпадот што беше собран, вработените во Собранието го селектирале на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет.
Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што бил собран бил дистрибуиран на соодветни локации.
Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар.
Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.