Поради пожар во трафостаница во Битола, без напојување од денеска на пладне се повеќе делови од градот.
Според информациите кои ТВ21 ги доби од ЕВН Македонија, тимови веќе се на терен и работат на проблемот.
Нема информации за колкава штета се работи, која била причината за пожарот, ниту пак дали имало вработени во трафостаницата за време на инцидентот.
Во моментов без снабдување со електрична енергија се поширокото централно подрачје од градот како и селата Дихово, Трново, Магарево, Ротино, Нижеполе, Ѓавато…