Силната експлозија која по 22 часот ги вознемири жителите на Битола се случила во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. ТВ21 дознава дека експлозијата се случила кај материјалот кој се чувал за рециклирање, за среќа во тој момент немало вработени во тој дел и нема повредени лица само е предизвикана материјална штета.
Како што веќе објави ТВ21, екипи на Територијалната противпожарна единица интервенирале, по што целосно е изгаснат пожарот во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.
Како што раскажуваат очевидци за ТВ21, првично се видела светлина, а потоа и се слушнала јака експлозија.
Фабриката во која се случила експлозијата е позната по тоа што веќе неколку години го печатни изборниот материјал.
Читај исто така:
Алармантно! 821 микрограми на метар кубен во Битола – највисок пик за време не експлозијата