Поради густата магла во Скопје, летот Меминген-Скопје слета вечерва со тешкотии и со половина час задоцнување. „По неколкуте обиди да слета во Скопје, пилотот објави дека се упатил кон Приштина поради лошите временски услови“, вели репортерот на ТВ21 кој беше патник.
По 15 минути пилотот им соопштил на патниците дека подобрени се временските услови и дека повторно ќе се обидат да слетаат во Скопје.
Обидот бил успешен, а штом тркалата од авионот ја допреле земјата, пилотот бил награден со аплауз.
Сепак, денес се откажани некои летови од Меѓународниот аеродром во Скопје поради силна магла.