Фросина Ременски по исказот во Обвинителството за организиран криминал, рече дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, и дали и што тој превземал нешто по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.
„Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што превземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министрите и премиерот да даваат на телевизијата видео честитки?“, рече Ременски.