4NEWS.mk

НБА: Харден броеше до 47

Екипата на Хјустон ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Феникс и забележа победа од 139-125.

Ракетите ја забележаа и третата победа во серија додека за Санс ова е незгодна серија од 6 порази. 

Во победничкиот тим доминираа Вестбрук и Харден кој постигна 47 поени со 6 скока и 7 асистенции додека Расел стигна до 30 поени и 10 асистенции.  Кај Феникс се истакна Кели Убре со 26 поени.

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни