Македонија

Четиригодишно дете загина во тешка собраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце

Четиригодишно дете од село Матејче загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, потврдија од кумановската болница за Канал 5.

До сообраќајката дошло при судар на два автомобили , денеска околу 14 часот во близина на бензинската пумпа Лукоил. Детото заедно со своите родители било во едно од возилата.  Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.

Не е познато како дошло до несреќата.

Од  Кумановската полиција потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, но увидот сеуште е во тек  и немаат детали. На лице место е и Јавен обвинител од Куманово.

Судирот се случил кога возилата излетале од патот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни