4NEWS.mk

Средношколци од организацијата Американски совети за меѓународно образование го посетија Кабинетот на претседателот

Кабинетот на Претседателот на државата денеска го посетија претставници на организацијата Американски совети за меѓународно образование, американски средношколци кои посетуваат настава во училишта низ нашата држава и македонски ученици кои изминатиот период посетуваа настава во САД.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, за време на посетата гостите имале можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да го информираат за нивните досегашни активности во рамки на програмата за размена на ученици од средното образование, со цел нивно запознавање со општествата и културата во двете држави.

Посетителите разговарале со претседателот за неговата работа и надлежности, а ги посетиле и просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Гостите се запознале и со дел од вработените во Кабинетот и биле информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите кои се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешната посета на учениците е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на претседателот, имаат можност да остварат директна комуникација со него, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер што ќе бидат реализирани во Кабинетот, се наведува во соопштението. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни