Патарините во земјите од регионот се многу пати поскапи отколку во значително побогатите европски земји.
Ги истражувавме цените на патарините за патничките возила (самата категоризација е различна од земја до земја), на автопатите во земјите од регионот.
„За поминати 10 километри во БиХ ќе треба да платите од 0,48 до 0,60 центи. Во Хрватска за тие километри на автопат ќе ве чинат 0,64 ценати, а во Србија 0,33 центи. Во нашата земја, за поминати 10 километри ќе треба да платите 0,75 центи, односно 30 денари.“, јавува репортерот на ТВ21 Јовица Пауноски.
Македонија е единствена земја во која патарините се наплаќаат по различна тарифа во зависност од тоа дали плаќате во денари или евра.
Во Косово употребата на автопатот сè уште не се наплаќа, додека Црна Гора сè уште ги чека првите километри автопат.
Словенија користи систем за плаќање вињети – налепници кои се купуваат на патарина за одреден временски период. Вињетата (за возила високо до 1,3 метри и тежина до 3,5 тони) чини 15 евра за седум дена, 30 ЕУР за еден месец, додека годишната чини 110 ЕУР. Системите за вињети сè уште се користат во Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Швајцарија.
Автопатот претставува највисока сообраќајна класа на патишта, а нивното присуство и вмрежување е значаен показател за развојот на една земја.
„Доколку ги аналзираме автопатите на Западен Балкан може да погледнеме дека разликите се значајни од држава во држава. Хрватска е прва со 1.314 километри автопат, па следува Србија со 962km, Словенија со 692km, Македонија 242km, БиХ со 208km, Косово со 170км, а Црна Гора се уште ги чека првите километри автопат“, вели репортерот на ТВ21.
Според направените анализи. Пресметувајќи ја густината на мрежата на автопати на еден квадратен метар, најзастапен автопатот е во Словенија, па следуваат Хрватска, Косово, Србија, Македонија и БиХ.