Кратко пред формирање на техничката влада, уште една рокада на граничниот премин Табановце. Извори на ТВ21 од МВР велат дека и во овој случај исто како случајот со Блаце, станува збор за рокада на партиска основа.
Поконкретно еден од шефовите на смена на Табановце, Албанец кој е близок човек на ДУИ, со иницијали С.С. е преместен на граничниот премин Белановце, а на негово место е поставена службеничката со иницијали С.М. која според изворите е близок човек на Оливер Спасовски.
Оваа фотографија со министерот за образование Арбр Адеми ја потврдува блискоста на С.С. со функционери на ДУИ а кого го имаат преместено од неговата позиција на Табановце.
Ако до сега соодносот на шефовите на смена бил 4 Албанци и 4 Македонци, со овој трансфер сега се 5 Македонци и 3 Албанци шефови на смена.
ТВ21 со прашање во пишана форма се обрати до министерот за внатрешни работи, Спасовски и неговиот заменик Агим Нухиу зошто се прават овие рокади, но ниту еден од нив не ни одговори.
Всушност ова е втор случај на граничниот премин Табановце. Пред неколку недели Тв21 известуваше за една друга смена врз партиска основа на двајца полициски службеници на овој граничен премин, каде на местото на една вработена Албанка со иницијали М.М. е поставено лицето Д.П.
Пред неколку недели исто така ТВ21 известуваше за уште еден случај на Блаце, но пред неколку дена се дозна дека преместеното лице е вратено на неговата поранешна позиција како шеф на смена, а според изворите, за ова се погрижил самиот заменик министер за внатрешни работи, Нухиу. Оваа фотографија потврдува дека на истиот му е дадено и решение за работа.