Водоснабдувањето во делови од општина Сарај денеска е во прекин од 13:30, па до завршување на поправката на дефектот на ф-250мм на ул. 20 бб Сарај, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинато водоснабдување имаат корисниците од ул. 20 бб во Сарај, како и селата Глумово, Шишево и Матка, соопшти јавното претпријатие.