4NEWS.mk

Судијата Кацарска правеше притисок за Камчев

Обвинителката Лиле Стефанова која сведочи во предметот Рекет, образложувајќи го случајот Империја во кој е осомничен рекетираниот бизнисмен Камчев, откри дека судијата Добрила Кацарска била еден од емисарите кои вршеле притисок при одредувањето притвори за осомничените.

-Кацарска беше присутна од рано утро, до следниот ден, кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова.

На почеток од денешното сведочење, Лиле Стефанова рече дека многумина притискале по отворање на предметот Империја.

-На почетокот притисоците доаѓаа од повеќе места. Се јавуваа политичари, бизнисмени, судии, обвинители, и кај мене и кај Јанева. Тогаш и Јанева не се интересираше за предметот, а нејзиниот интерес се појави во декември кога бараше повеќе информации, објаснуваше Стефанова.

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни