4NEWS.mk

Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Знамето на Северноатланската алијанса се вее пред Собранието на Република Македонија.

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија. Македонија по овој чин се очекива да стане 30-та земја членка на НАТО. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни