Започна марш под мотото „Чекориме за правда“ организиран од СДСМ со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.
Граѓанскиот марш почна пред Собранието на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред комплексот судови во Скопје, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.