Македонија

Трета жртва од сезонскиот грип, почина 50-годишен маж

Сезонскиот грип ја зеде и третата жртва. 50-годишен маж почина на Институтот за пулмологија каде бил на лекување. Човекот имал хронични болести кои му ја влошиле состојбата.

Бројот на заболени нагло расте и досега се заболени 5.660 лица. Граѓаните се загрижени поради грипот кој зема се поголем замав. Најпогодени се хронично болните лица. Претходно почина 14-годишно девојче и 87-годишна старица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни