Македонија

Кокаин во Крушопек, приведени 4 лица, пронајден само 1 килограм, каде е другиот дел?

Полицијата во Крушопек пронајде само 1кг кокаин во пакет со банани, иако министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, рече дека станува збор за поголема количина дрога, чија крајна дестинација требало да биде нашата земја. Кокаинот бил по потекло од Колумбија, а неофицијално се работи за 1.3 тони. Сѐ уште непознато каде завршил другиот дел од кокаинот.

„МВР информира дека во текот на претресот биле запленети и мобилни телефони, пари во вредност од 3 илјади евра, 700 долари и 188 илјади денари, возило „Ивеко“ и неколку пакети со банани, каде впрочем бил сокриен кокаинот“, рече Чулев.

Во наредните денови, како што рече Чулев, ќе излезе со повеќе информации околу количината на дрогата која била наменета за нашата земја, како и за рутата по која се движел камионот.

Според податоците на МВР, компанијата „Банекс“ во изминатиот период во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, но и од Еквадор. Акцијата спроведена во Крушопек е дел од меѓународна акција за борба против организиран криминал, во која учествуваа италијанските и албанските полициски сили, како и американската Администрацијата за сузбивање на дрога – ДЕА.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни