4NEWS.mk

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Атлантскиот Океан, соопшти Геолошкиот завод на САД.

Најблиското населено место од сеизмичката активност е островот Света Елена, кој е лоциран речиси меѓу Африка и Јужна Америка.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту за можна опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на повеќе од 900 километри од најблиските населени места.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни