Никола Јокиќ беше исклучен од натпреварот помеѓу Денвер и Чикаго Булс поради конфликт со судиите.
Ова е втор пат сезонава Јокиќ предвреме да го заврши мечот поради суспензија. За 16 минути на теренот, Србинот забележа четири поени, девет скока и шест асистенции во триумфот на Нагетс против Булс – 114:106.
Сомборац не сакаше многу да зборува за исклучувањето, но одвои време да зборува за евентуален настап на Олимписките игри за „РТС“.
Иако од Олимпискиот комитет на Србија беше најавено дека двократниот МВП на НБА лигата ќе игра за „орлите“ на Олимписките игри во Париз, сега Јокиќ со својата изјава ја загрижи нацијата.
“Далеку е. Некои луѓе ми ставаат зборови во уста, дека сум кажал нешто што не сум го кажал. Селекторот е првиот што знае. Секогаш разговарам со семејството и со тимот по сезоната”; изјави Јокиќ на дописникот на „РТС“ по мечот со Чикаго Булс.
За потсетување, претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ, во интервју за шпански „Ас“ изјави дека на Олимписките игри во Париз ги очекува сите најдобри кошаркари, вклучително и Никола Јокиќ.
