Македонија

АА: Само во Македонија може да крадете и да ја злоупотребувате моќта и да бидете наградени со смешни казни

Алијанса за Албанците денеска преку соопштение ја повикува ДУИ да го прекине наградувањето за нивниот шеф Сашо Мијалков.

Од таму се вели дека последователните олеснувања и услуги за Мијалков неодамна кулминираа со тригодишен одмор во струшкиот затвор.

„Само во Северна Македонија можете да крадете од граѓаните, да ја злоупотребувате моќта, да станете милионер и на крај да бидете помилувани, амнестирани и наградени со смешни казни и луксузно сместување. Сето ова се случува благодарение на сегашниот хибриден режим, а особено на ДУИ, кои ги слушнавме и во прислушуваните разговори кои ги контролираат судиите и обвинителите кои ги именуваа заедно со Мијалков и Јанкуловска“, велат од АА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни