Од Алијанса за Албанците со реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Изразуваме жалење што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште не излегле од стариот менталитет каде што Владата ја гледаат само како средство за богатење.
За нас оваа година е важна и одлучувачка година за иднината на државата и на граѓаните.
Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, а кои што се услов за отворање на преговорите со ЕУ, не можеме да придонесеме за изолација на државата, туку сакаме да дадеме време на отворањето на европската перспектива.