Абази оформи предмет за бомбите на Боки 13

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази оформил предмет, кој веќе е распределен кај јавен обвинител, за да го сослуша и да ги види материјалните докази што ги поседува Бојан Јовановски-Боки 13.

Посочуваат дека распитот не може да го прави шефот на обвинителството Абази, како што бара Боки 13, бидејќи според Законот за јавно обвинителство, тоа го прават избрани обвинители.

Инаку, Боки 13 пред два дена испрати писмо до јавноста во кое бара средба со Ислам Абази, во присуство на неговите адвокати Владимир Туфегџиќ и Сашко Дуковски, за да се достават докази за кривични дела извршени од високи државни структури.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното