Пејачката самата идеја да се качи на подморница за да го види потонатиот брод Титаник ја опиша како „луда“.
Драмата на подморницата „Титан“ со трагичен исход во која загинаа пет лица, го шокираше целиот свет. А британската пејачка Адел ја спомена оваа трагедија на нејзиниот концерт одржан во Лас Вегас, веднаш откако се случи.
Имено, за време на концертот, на паузата меѓу песните, таа ја прашала својата публика дали ќе пловат со подморницата Титан, за да го видат Титаник, пред да се случи оваа несреќа.
Таа ги замоли сите од публиката да кренат раце, а потоа низ насмевка и со шеговит тон рекла – „Ха, знаев!“
Adele talks about the titanic submarine.pic.twitter.com/XV3c2UBhwr
— About Music (@AboutMusicYT) June 24, 2023
После тоа, пејачката објасни дека и самата е голем обожавател на Титаник, но дека никогаш не би се осмелила да оди на ваква експедиција и дека тоа било „лудо“. Таа потоа разговараше со обожавателите за одење во вселената, што милијардерите се почесто го прават. И на тоа прашање имаше најнегативни одговори, вклучувајќи го и нејзиниот одговор. Пејачката изјави дека за неа е премногу застрашувачка помислата некој да си го ризикува животот и да се спушти во подморница на голема длабочина.
Како што може да се види на социјалните мрежи, многумина го осудија овој чин на пејачката, прашувајќи се што и требаше да се наврати на трагедијата која однесе пет животи на нејзиниот сопствен концерт, што само по себе е радосен настан…
Адел го организираше својот 30-ти роденден со прослава на тема „Титаник“ и многу е заинтересирана за темите за бродот што потона во 1912 година во Атлантскиот Океан.
