Арбр Адеми од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) попладнево на прес конференција истакна голема благодарност до граѓаните кои учествувале на гласањето.
„Овие избори за нас беа повеќе од локални избори, досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата подеднакво важна фаза на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на гласот“, вели Адеми.
Тој упати повик до изборната комисија, да се зачуваат највисоките европски стандарди за да конечниот изборен резултат да ја одрази вистинската волја на граѓаните.
„Денес над се победник е граѓанинот, оној што верува во демократијата, учеството и европските вредности“, додаде Адеми.