Членовите на семејството на Фросина Кулакова, која загина во сообраќајната несреќа на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, биле запознати со тековната постапка и со прибраните докази против обвинетиот 20-годишен возач. Според најновите информации, семејството на жртвата, како оштетени и законски застапници, дале исказ и се информирале за доказите собрани во текот на истрагата. Во текот на утрешниот ден, нивниот адвокат ќе изврши дополнителен увид во доказите.
– Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и законски застапници дадоа исказ и се запознаа со постапката и со прибраните докази. Во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши и дополнителен увид во доказите, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.
Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки прекин во Скопје. На 20-годишниот возач му е определен притвор од 30 дена. Тој се товари дека делото го сторил до умисла поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол. За него и претходно имало други кривични пријави.