Аеродромот во Полска се затвора до декември поради најголемата инвестиција во неговата историја

Аеродромот „Никола Коперник“ во Вроцлав, Полска, од синоќа е целосно затворен за сообраќај и ќе остане затворен сè до 4 декември 2025 година.

Причината за овој привремен прекин на работата е спроведувањето на најголемиот инвестициски проект во историјата на аеродромот.

Според најавите, градежните работи се насочени кон понатамошно подобрување на комфорот и безбедноста на патниците. Главната цел е да се адаптира инфраструктурата за да може да одговори на постојано растечкиот обем на авиосообраќај.