Агелер: Вашингтон не може да обезбеди гаранции за ЕУ – ние не сме дел од Унијата

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека Вашингтон не дава гаранции за вашиот пат кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Унијата.

-Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната, рече Агелер во одговор на новинарско прашање по примопредавање на мобилно оперативно возило на Црвен крст.

На прашање како ќе се одрази одлуката на претседателот Трамп за замрзнување на програмите на УСАИД рече дека се уште не знае како тоа ќе влијае на идната американска поддршка на развојот на земјава.

-Ова е процес што е во тек и јас не знам како ќе се одрази на нашата идна поддршка на развојот. Сепак можам јавно и приватно да и кажам на Владата и на нашите партнери дека ние сме тука. САД не си одат и правиме фантастични партнерски настани каков што е денешниот со примопредавањето на специјалното возило, рече Агелер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното