Весникот Лајм“ ги пренесува ставовите на претседателот на ДУИ Али Ахмети, кои тој ги изнесе за косовската ТВ 7:
„Имаме добри контакти со претставниците на меѓународната заедница. Побаравме олеснување, тоа ни го понудија францускиот претседател Макрон и други држави. Не сме далеку од решението. Тоа е нацрт-договор, кој Макрон го состави откако ги ислуша страните.
Треба да се усогласат страните, кои имаат меѓу себе отворен спор. Откако ќе се произнесат членки на ЕУ и ние ќе го разгледаме тој нацрт, ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото кон крајот на јуни ќе има решение“ – рече Ахмети, изрази надеж дека ќе има епилог.