Ахмети: Локалните избори ќе донесат предвремени парламентарни

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по гласањето денеска изјави дека резултатите од локалните избори ќе влијаат и на централно ниво.

Како што вели, овие избори имаат голема политичка тежина.

„Секако, го кажав тоа на почетокот, ова се избори од локален карактер кои се подеднакво важни политички“, рече Али Ахмети.