Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите – еве зошто

Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар, 15 септември е вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар.

Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Доколку сепак се решите да го правите во престсојниот период ви претставуваме инвентивност која е како измислена за овој период кога во секој двор ќе зачурат пампурите и ќе се готви вкусен ајвар.

Погледнете:

Секако пред да дојдете до делот на пржење треба да поминете и уште еден макотрпен дел од работата, односно лупење на пиперките, ви претставуваме начин како да ги излупите пиперките, без да ги валкате рацете.

Иако секое македонско домаќинство има доста искуство за правењето на домашен ајвар, никогаш не е предоцна да се научи и некој нов трик.

Дознаваме најдобар рецепт за најдобар ајвар и може да се потврди дека навистина е одличен.

Обидете се да го подгответе и нема да зажалите.

СОСТОЈКИ

•7 кг. пиперки

•3 кг. модар патлиџан

•1 л. оцет

•2 л. вода

•2 главици лук

•малку лути феферонки

•2-3 лажици сол и шеќер

ПРИПРЕМА

•Пиперките ставете ги во оцет да се варат 2-3 минути, а патлиџаните 5-6 минути. Пиперките и патлиџаните смелете ги први, а потоа феферонките лукот и додете малку бибер.

• Се тоа оставете да врие со 8 унци масло на тивок оган околу час и половина. Ајварот ставете го во топли тегли и ги сместете ги во топла (не жешка) рерна.

• На секоја тегла ајвар да се стави една лажица масло за да се направи кора и за ајварот да не добие воздух.

Теглите затворете ги следниот ден.

Пред извесно време турскиот дневен весник „Сабах“ објави заедничка репортажа од Македонија со државната новинска агенција Анадолија, во кој се признава македонското потекло на ајварот.

„Со вкус на пиперка, ајварот има потекло од Македонија, но е популарен и се употребува во сите балкански држави. Кога ќе почне подготовката на ајварот, руралните области на Македонија се преплавени од мирисот на пире од печени пиперки. Иако Македонија е дом на луѓе од различни нации со различни кујни, ајварот и понатаму е најчестото јадење во земјата“, пишува „Сабах“ во репортажата од велешкото село Горно Оризари. „Стручњаците за гастрономско наследство велат дека првата позната употреба датира од 19. век и тој првпат бил користен од Македонци во Белград“.

Весникот се осврнува и на „тепачката“ во ексјугословенските простори за заштита на потеклото на ајварот.

„По распадот на Стара Југославија, балканските земји почнаа да го ставаат под заштита специјалитетот на регионот. Ајварот беше заштитен од Словенија во 1990-тите. Покрај тоа, ајварот од Србија и посебно од Лесковац доби меѓународни сертификати во 2012 година. Македонскиот ајвар, од друга страна, беше ставен под заштита во Македонија во 2008 година, а неговата меѓународна заштита беше реализирана во 2010 година, во контекст на Лисабонскиот договор потпишан од страна на Македонија за меѓународна регистрација на пастата и за заштита на нејзините права на потекло“, се додава во текстот.

Податоците од периодот меѓу 2010 и 2015 година покажуваат дека извозот на македонскиот ајвар постојано расте, нагласува „Сабах“, наведувајќи дека во 2013 година тој имал вредност од 16,5 милиони долари, а следната три милиона повеќе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното